27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМарк Маркез победи на трката за Големата награда на Сан Марино

Марк Маркез победи на трката за Големата награда на Сан Марино

Возачот на Репсол Хонда Марк Маркез победи на трката за Големата награда на Сан Марино, во Мото ГП шампионатот.

Младиот Шпанец во Сан Марино ја забележа 59.победа во кариерата. Патеката во Сан Марино, Маркез, ја мина со време 50:41.565 минути.

Второто место му припадна на Данило Петручи од Окто Прамак Дукати, а лидерот во вкупниот пласман Андреа Довициозо заврши на третата позиција.

Довициозо и Маркез, по трката, во Сан Марино се лидери во вкупниот пласман со 199 бодови, а на третото место е Марк Вињалес од Јамаха со 183 бода.

До крајот на сезоната во Мото ГП шампионатот останаа уште пет трки, а наредната ќе се вози на 24.септември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП