18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМарио Баслер: Анчелоти ќе го напушти Баерн во јануари

Марио Баслер: Анчелоти ќе го напушти Баерн во јануари

Карло Анчелоти ќе го напушти минхенски Баерн во јануари 2018 година тврди поранешниот германски репрезентативец Марио Баслер.

„Слушнав дека Анчелоти има потпишано договор со едеен кинески клуб“, реко, Баслер.

Баерн, во саботата го доживеа првиот пораз во првенството од Хофенхајм (2:0), а Баслер тврди дека италијанскиот стручњак ќе го напушти клубот во јануари кога во Кина започнува новата сезона.

„Она што го знам е дека ќе си оди во јануари кога во Кина стартува сезоната. Не можам ова 100 отсто да го потврдам, но мојот извор е релевантен“, дополнил Баслер.

Инаку Анчелоти има уште две години од актуелниот договор со Баерн.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП