6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОУС Опен: Дел Потро преку Федерер избори пласман во полуфиналето

УС Опен: Дел Потро преку Федерер избори пласман во полуфиналето

Хуан Мартин дел Потро продолжува со брилијантните изданија на Отвореното првенство на САД. Аргетнинецот преку Роџер Федерер избори пласман во полу-финалето.

Делпо по 170 минути игра успеа да слави против Швајцарецот со 3:1 (7:5, 3:6, 7:6, 6:4). Клуч за триумфот на Аргентинецот беше третиот сет, во кој имаше 3:0 и брејк топка за 4:0, но Федерер успеа да се врати во сетот и да избори тај-брејк.

Во 13.игра Федерер имаше сет топка, најпрвин на 4:6, а потоа и на 6:7 и 7:8, но Делпо успеа да се извлече и да го добие тај-брејкот со 10:8.

Во решавачкиот сет на Делпо му беше доволен еден брејк за да го заврши мечот и да ја забележи шестата победа над Швајцарецот во нивниот 22-ри меѓусебен дуел.

Дел Потро во полу-финалето за противник ќе го има Шпанецот Рафаел Надал. Рафа за само 99 минути со 6:1, 6:2, 6:2 го победи рускиот тинејџер Андреј Рубљов.

„Го одиграв веројатно најдобриот меч на турнирот. Се направив добро, со форхендот напаѓав најсилно што можев, мислам дека заслужив да победам. Ова е мојот омилен турнир, против Надал играв во 2009 година и се надевам дека ќе го повторам тој резултат“, рекол Дел Потро.

„Штета што испаднав, но Хуан Мартин одигра подобро. Чувствував дека за мене нема место во полу-финалето и искрено тој има поголеми шанси да го победи Рафа. Мојата моментална форма не е доволна за да се освои овој турнир. Подобро што испаднав, бидејќи турнирот ќе може да го освои некој што игра добро“, изјавил Федерер по поразот од Дел Потро.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП