28 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЕвробаскет: Украина го декласира Израел и ја испрати Грузија дома (видео)

Евробаскет: Украина го декласира Израел и ја испрати Грузија дома (видео)

Украина се пласира во осмина-финалето на Европското првенство во кошарка, откако во последниот натпревар од петтото коло во Б групата го совлада домаќинот Израел со 88:64.

Украинците сами ја решаваа својата судбина за пласман во нокаут фазата, убедливо го победија отпишаниот Израел и во исто време ја елиминираа Грузија. Украинците и Грузијците фазата по групи ја завршија со по две победи и три порази, но Украина го доби меѓусебниот дуел 88:81.

Вјачеслав Кравцов ја предводеше Украина до победата со 17 поени.

Табела, Б група:

1. Литванија 4-1, 2. Германија 3-2, 3. Италија 3-2, 4. Украина 2-3, 5. Грузија 2-3, 6. Израел 1-4

Вечерва завршија и натпреварите во А групата кои се играа во Хелсинки. Домаќинот Финска во натпревар без резултатски императив го победи Исланд 83:79.

Табела, А група:

1. Словенија 5-0, 2. Финска 4-1, 3. Франција 3-2, 4. Грција 2-3, 5. Полска 1-4, 6. Исланд 0-5.

Во осмина-финалето ќе се сретнат Словенија-Украина, Финска-Италија, Франција-Германија и Литванија-Грција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП