6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСЕХА: Металург без проблеми против Динамо од Панчево

СЕХА: Металург без проблеми против Динамо од Панчево

Ракометарите на Металург во Панчево ја запишаа првата победа во новата сезона, во регионалната СЕХА лига. Во второто коло Металург го совлада домаќинот Динамо 25:20 (16:9).

Екипата на Лино Червар прашањето на победникот го реши во првата третина од првото полувреме, кога во почетните 12 минути постигна осум, а не прими ниту еден гол.

Во преостанатиот дел од натпреварот Металург рутински ја одржуваше предноста, која во 52.минута беше и двоцифрена (24:14). Динамо во последните осум минути, кога Металург го намали ритамот успеа да избори пристоен пораз.

Анѓелиќ и Пешевски со по пет голови го предводеа Металург, во чии редови најдобар беше голманот Арсиќ со 14 интервенции.

Металург во наредното коло ќе го пречека Нексе. Дуелот на програмата е на 10.септември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП