28 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЕвробаскет: Грците се пласира во осмина-финалето (видео)

Евробаскет: Грците се пласира во осмина-финалето (видео)

Грција успеа да се пласира во осмина-финалето на Европското првенство во кошаркрка, откако во клучниот меч ја совлада Полска 95:77. Грција го освои четвртото место во А групата и за пласман во четврт-финалето ќе игра против најдобрата селекција во Б групата, Литванија.

Грција и Послак во последното коло влегоа со по една победа и три порази и меѓусебниот дуел решаваше кој ќе игра во нокаут фазата.

Грците рутински се справија со Полјаците убедливо победија 95:77, а најефикасни беа бековите Слукас со 26 и Калатес со 24 поени. Кај Полска Кулиг беше стрелец на 26 кошеви.

Во Б групата Италија во драматичен меч славеше над Грузија 71:69. Италијаните одиграа блескава прва четвртина во која стекнаа предност од 17 поени (27:10). Сепак Грузија се врати во мечот, во втората четвртина намали на 33:30.

Италија повоторно стекна двоцифрена предност во третиот период, но во финишот на натпреварот Грузија влезе со поен предност. Дрматичната завршница сепак им припадна на Италијаните, иако Пачулија го имаше последниот шут на мечот, но беше изблокиран.

Белинели со 15 и Датоме со 14 поени ја предводеа Италија, додека кај грузија Диксон уфрли 29 поени.

Италија со оваа победа заврши на третото место во Б групата, зад Литванија и германија и во четврт-финалето ќе игра против Финска, додека Грузија ќе го чека расплетот од мечот Израел-Украина. Доколку победи Израел Гризија ќе биде четврта, во споритвно ќе го заврши учеството на Европското првенство

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП