9 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЕвробаскет: Словенија и Литванија први во своите групи (видео)

Евробаскет: Словенија и Литванија први во своите групи (видео)

Словенија и Литванија забележаа победи во првите натпревари од петтото коло на Европското првенство, со што ги обезбедија прите позиции во групите А и Б.

Словенија, предводена од тандемот Горан Драгиќ-Лука Дончиќ, ја декласираа Франција 95:78. Словенците во првата четвртина стекнаа 13 поени предност, на полувреме имаа 17 разлика, а во еден момент во третиот период разликата беше плус 29.

Французите потоа го искористија опуштањето во редовите на противникот, ја спуштија разликата на 12 поени, но повеќе од тоа не можеа.

Финишот на мечот го обележаа неспортските лични грешки на Французите, кои тешко го прифатија поразот.

Драгиќ мечот го заврши со 22 поена и 8 асистенции, а Дончиќ имаше 15 поени, 9 скока, 3 асистенции и 2 украдени топки. Нандо де Коло со 16 коша беше најефикасниот француски играч.

Резултатот од овој натпревар, и покрај некомплетното петто коло, веќе ги дефинира првите три позиции на табелата. Словенија е прва, Финска втора, а Франција трета. За четвртото место и пласман во осмина-финалето во директен дуел ќе решаваат Полска и Грција.

Литванија ја освои Б-групата иако првенството го почна со пораз од Грузија. Втора во оваа група е Германија, а понатаму ќе оди и Италија, само прашање е од која позиција, три или четири.

Литванија во директен дуел за првото место убедливо славеше над Германија 89:72. Блескаше НБА-ѕвездата Јонас Валнчунас со 27 поени и 15 скока. Германија вообичаено ја предводеше Денис Шредер со 28 поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП