20 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОУЕФА ќе го крати преодниот рок

УЕФА ќе го крати преодниот рок

УЕФА планира да го скрати летниот трансфер период, бидејќи според претседателот на оваа организација, Александар Чеферин, „неизвесноста трае предолго“.

Овие зборови на Чеферин се поддршка за идејата на Премиер лигата, трансфер периодот да завршува непосредно пред почетокот на англискиот шампионат.

„Знам дека оваа дискусија околу скратување на летниот преоден рок ќе предизвика разни коментари низ Европа, но ние ќе ја следиме ситуацијата. Гледано од мој агол, не е добро за фудбалерите да играат за еден клуб кога сезоната ќе започне, а потоа да преминат во друг кога трансфер пазарот се затвора. Предолго трае таа неизвесност. Мислам дека преодниот рок долго трае и ќе го поддржам предлогот тој да биде скратен“, рекол Чеферин за британски „Тајмс“.

Во наголемиот дел од европските држави летниот преоден рок трае од 1.јули до 1.септември на полноќ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП