6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНа 9-ти и 14-ти ноември се закажани баражите за пласман на Мундијалот

На 9-ти и 14-ти ноември се закажани баражите за пласман на Мундијалот

Светската фудбалска федерација (ФИФА) објави дека ждрепката на европските репрезентации за баражот за Мундијалот во Русија ќе биде извршен на 17-ти октомври во Цирих во 14 часот.

Според пропозициите на ФИФА, победниците на двете квалификациски групи ќе изборат директен пласман на Светското првенство, а во баражот ќе одат најдобрите осум второпласирани селекции, а најслабиот второпласиран тим отпаѓа.

ФИФА ќе ги рангира репрезентациите според бројот на освоените бодови, а потоа според гол-разликата. Доколку во овие две категории екипите бидат израмнети, тогаш репер ќе биде бројот на постигнати голови, а доколку и тогаш биде сѐ израмнето, тогаш понатаму ќе оди екипата што постигнала повеќе голови на гостински терен.

Осумте репрезентации што ќе се најдат во баражот ќе бидат поделени во два барабана. Редоследот на репрезентациите ќе биде одреден според ранг-листата што ФИФА ќе ја објави на 16-ти октомври.

Бараж-натпреварите ќе се играат на 9-ти и 14-ти ноември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП