2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБолт верува дека неговите рекорди ќе траат уште долго време

Болт верува дека неговите рекорди ќе траат уште долго време

Најбрзиот човек на сите времиња, Јусеин Болт, рекол дека неговите светски рекорди на 100 и 200 метри ќе бидат актуелни и во наредните 15-20 години.

Атлетичарот од Јамајка е единствениот спринтер во историјата кој на трките на 100 и 200 метри освојувал златни медали на три олимпијади во низа (Пекинг 2008, Лондон 2012, Рио де Жанеиро 2016). Тој кариерата ја заврши по Светското првенство во Лондон, кое се одржа минатиот месец.

Болт е сопственик на светските рекорди на 100 метри (9,58 секунди) и на 200 метри (19,19 секунди). Светските рекорди Болт ги постави на Светското првенство во Берлин во 2009 година.

„Мислам дека рекордите ќе бидат актуелни уште некое време. Мислам дека нашата ера со Јохан Блејк, Џастин Гетлин, Асафа Пауел и другите момци беше најдобрата ера. Доколку рекордот требаше да биде соборен, ќе беше соборен во оваа ера. Поради тоа, мислам дека рекордите ќе бидат актуелни уште 15-20 години“, рекол Болт.

Јамајчанецот своето последно големо натпреварување во кариерата не го одработи според планот. На трката на 100 метри го освои третото место зад Американците Џастин Гетлин и Кристијан Колман, а последната трка во кариерата, во штафетата 4X100 метри, не ја заврши поради повреда на тетивата.

„Немам повеќе што да докажувам, тоа е основната причина поради која се повлеков. Кога ќе оствариш сѐ што си посакувал и планирал, тогаш повеќе нема причина да останеш“, рекол најбрзиот на сите времиња.

Запрашан за наследникот на патеката, Болт рекол дека во овој момент не гледа спринтер што би можел да го замени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП