27 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБарселона ќе му понуди нов договор на Иниеста

Барселона ќе му понуди нов договор на Иниеста

Андрес Иниеста, чиј договор со Барселона истекува по завршувањето на сезоната, од клубот ќе добие нов договор, потврди претседателот на Барселона, Жозеп Марија Бартомеу.

Иниеста (33) целaта своја кариера ја минува на „Камп Ноу“, а изминатите недели се појавија шпекулациите дека кога ќе му истече договорот, ќе го напушти клубот.

„Ги договоривме сите услови за новиот договор. Се надеваме дека сѐ ќе биде финализирано во наредните неколку недели. Сакаме Иниеста да се пензионира како играч на Барселона. Ќе му оставиме можност да го направи тоа кога тој ќе сака. Договорот автоматски ќе се обновува секоја наредна сезона и кога тој ќе посака, ќе може да ја заврши кариерата“, рекол Бартомеу.

Андрес Иниеста дебито за Барселона го имаше во 2002 година, а досега има одиграно 632 натпревара.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП