3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНајлошата одлука во историјата на Челзи е продажбата на Матиќ

Најлошата одлука во историјата на Челзи е продажбата на Матиќ

Поранешниот играч на Челзи и на англиската репрезентација, Реј Вилкинс, ги критикуваше клупските челнии поради одлуката да го продадат Немања Матиќ во Манчестер Јунајтед.

Интересно, во минатото во 1979 година, Вилкинс слично како и Матиќ од Челзи се преселил во Манчестер Јунајтед. Сепак тој смета дека бесмислен е потегот на раководството да го продадат Матиќ.

„Ова најлошата одлука која некогаш сум ја видел. Имаме играч кој заедно со канте е столб на среината, играч кој со клубот освојувал титули и потоа истиот тој играч му го продаваме на еден од најголемите конкуренти“, рекол Вилкинс.

„Велам „ние“ бидејќи јас навивам за овој клуб. Зошто Немања го испративме таму?“, се прашува екс играчот на Челзи.

„Беше извонреден во Челзи, а видовме дека за кратко време во Манчестер му овозможи на Погба да прави што сака на теренот. Не гледам логика во овој потег, Матиќ да биде продаден“, дополнил Вилкинс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП