9 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОАргентина не успеа да ја победи Венецуела, „виси“ нејзиниот пласман на Мундијалот...

Аргентина не успеа да ја победи Венецуела, „виси“ нејзиниот пласман на Мундијалот во Русија (видео)

Светскиот вицеправк Аргентина не успеа да ја победи Венецуела во 16.коло од јужноамериканските квалификации за пласман на Мундијалот во Русија. На две кола до крајот на квалификацискиот циклус „виси“ пласманот на Аргентина во Русија.

Ниту новиот селектор Хорхе Сампаоли, кој ја смени формацијата во 3-4-3, со напаѓачкото трио Дибала-Икарди-Меси, не успева да ја раздвижи Аргентина. „Гаучосите“, изминатата ноќ, на домашен терен одиграа само 1:1 со најслабата репрезентација во групата, Венецуела.

На стадионот на Ривер Плата, Венецуела го шокираше домаќинот со голот на Муриљо во 50.минута. Бод за Аргентина спаси дефанзивецот на Венецуела, Фелшер, кој по ударот на Икарди ја погоди сопствената мрежа.

На табелата во групата води Бразил со 37 бодви и изборен пласман на СП, следуваат Уругвај со 27, Колумбија со 26, Перу и Аргентина со по 24, Чиле со 23, Парагвај со 21, Еквадор со 20, а на последните две места се Боливија со 13 и Венецуела со 8 бодови.

Од Мундијалот се оддалечува и Чиле, откако Боливија успеа на домашен терен да го победи фаворитот со 1:0. Арсе во 58,минута го постигна единствениот гол на мечот.

Во 16.коло значајни гостински победи забележаа Уругвај и Перу.

Уругвај со головите на Валверде и Гомез (автогол) во Асуснсион го победи Парагвај со 2:1. Единствениот гол за Парагвајците го постигна Ромеро.

Перу со погодоците на Флорес и Хуртадо запиша победа во Еквадор. За домашниот тим единствениот гол го постигна Енер Валенсија од пенал.

Колумбија го пречека Бразил кој веќе е на Мундијалот. Мечот заврши 1.1, а стрелци беа Вилијан за Бразилците на истекот на првото полувреме и Фалкао за Колумбија.

Од јужноамериканската група директен пласман на СП ќе изборат првите четири селекции, а петтопласираната ќе игра во интерконтинеталниот бараж против Нов Зеланд.

Распоред за последните две кола:

5.октомври: Боливија-Бразил, Колумбија-Парагвај, Венецуела-Уругвај, Чиле-Еквадор, Аргентина-Перу

8.октомври: Еквадор-Аргентина, Уругвај-Боливија, Парагвај-Венецуела, Бразил-Чиле, Перу-Колумбија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП