17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОХрватска поразена во Истанбул, Србија победи во Даблин (видео)

Хрватска поразена во Истанбул, Србија победи во Даблин (видео)

Фудбалската репрезентација на Србија победи во Даблин против Република Ирска и направи голем чекор кон директен пласман на Светското првенство. За разлика од Србија, Хрватска во својата група загуби во Истанбул од Турција. Во оваа И група на две кола до крајот четири репрезентации имаат шанси да играат на СП.

Србите гостуваа во Даблин, во веројатно клучниот меч за нив за пласман на Мундијалот и забележаа минимална победа со голот на Коларов, постигнат на почетокото од второто полувреме. Ирска не успеа да се спаси од пораз иако од 70.минута имаше играч повеќе на теренот по црвениот картон кој го доби Максимовиќ.

Поразот на Ирска го искористи Велс и со гостинската победа во Молдавија 2:0 ја презеде втората позција на табелата. Стрелци на головите беа Робсон-Кану и Ремзи во последните десет минути од натпреварот.

Австрија и Грузија, во Виена одиграа 1:1. Овие две селекции ги загубија сите шанси за пласман на едно од првите две места.

Табела, Д група:

Србија 18, 2. Велс 14, 3. Ирска 13, 4. Австрија 9, 5. Грузија 5, 6. Молдавија 2

Во И групата Тирција и Исланд забележаа победи над опонентите Хрватска, односно Украина со што ситуацијата на тебелата стана драматична.

Турција, во Истанбул, ја победи Хрватска 1:0 со голот на Тосун постигнат во 75.минута. Во исто време Исланд со головите на Сигурдсон во второто полувреме славеше против Украина со 2:0.

Финска гостуваше во Приштина и славеше над Косово 1:0 со голот на Пуки.

Табела, И група:

Хрватска 16, 2. Исланд 16, 3. Турција 14, 4. Украина 14, 5. Финска 7, 6. Косово 1.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП