4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОУбедлива победа на Вардар против Горење

Убедлива победа на Вардар против Горење

Ракометарите на Вардар, во вторникот, го совладаа Горење 32:19 (12:11), во рамките на второто коло во СЕХА лигата. За актуелниот европски и СЕХА шампион ова беше првиот натпревар во сезоната кој го одигра во својата сала „Јане Сандански“.

Искуството и тимскиот квалитет на Вардар беше пресуден фактор на овој меч, во кој Горење приужи добар отпор во првите 30 минути.

Вардар го отвори натпреварот со 3:0 во првите седум минути, а потоа имаше и 6:1, но Горење успеа да полека да фати ритам и во 21.минута да стигне до предност 7:8.

„Црвено-црните“ одговрија со два гола во низа, а на полувреме заминаа со минимална предност 12:11.
Многу поангажирано делуваше Вардар во вториот дел, играчите на Раул Гонзалес го засилија ритамот во одбраната, што отвори простор за брза транзиција и лесни голови.

Четири контри на Вардар произлегоа од исто толку нереализирани напади на Горење што му овозможи на домаќинот во 40.минута да создаде предност од шест гола 21:15.

Потоа Вардар рутински го заврши мечот со убедлива победа, втора во исто толку дуели во СЕХА конкуренцијата.

Иван Чушиќ го предводеше Вардар со шест гола, а на спротивната страна поранешниот играч на Вардар, Матијаж Брумен беше најефикасен со пет гола, сите ги постигна од седум метри.

Инаку Раул Гонзалес на овој меч користеше две различни постави, во првото и второто полувреме, а најголема минутажа имаше Иван Карачиќ.

Наредниот меч Вардар ќе го одигра в петок, кога во Скопје во третото коло во СЕХА лигата, ќе гостува белорускиот шампион Мешков Брест.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП