18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАлетико го продолжи договорот со Симеоне

Алетико го продолжи договорот со Симеоне

Диего Пабло Симеоне и по завршувањето на сезоната, ќе остане во Атлетико Мадрид. Популарниот Чоло во вторникот го продолжи договорот со „јорганџиите“ на уште две сезони, односно до јуни 2020 година, објави клубот на својата официјална интернет-страница.

Чоло Симеоне го предводи Атлетико од 2011 година. Клубот во неговиот мандат ги освои шпанската лига, Купот и Суперкупот на Шпанија, Лига Европа, европскиот Суперкуп, но не успеа во двете одиграни финалиња да ја освои Лигата на шампионите.

Како тренер на „јорганџиите“, Симеоне три пати е прогласуван за тренер на годината во Шпанија, а во сезоната 2011/2012 беше прогласен за најдобар тренер во Европа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП