14 мај, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОНовите засилувања не се по вкусот на Конте

Новите засилувања не се по вкусот на Конте

Менаџерот на Челзи, Антонио Конте, во летниот преоден рок на засилувања потроши речиси 200 милиони фунти, но и покрај тоа не е задоволен како изгледа неговиот тим.

На „Стенфорд Бриџ“, летово пристигнаа голманот Кабаљеро, односно Ридигер, Бакајоко, Запакоста, Дринквотер и Мората.

Како то пренесува „Гардијан“, италијанскиот стратег очекувал дека по продажбата на Немања Матиќ, раководството на клубот во Челзи ќе донесе топ засилување од светска класа, но тоа не се случи.

Конте во тимот ги сакаше Ван Дајк, Лукаку и Алекс Сандро, но раководството немаше слух за неговите желби.

„Челзи сега има повеќе фудбалери, но не и квалитет каков што посакувам“, смета Конте.

Доколку „сините“ во текот на сезоната не бележат резултати според очекувањата тогаш на Италијанецот ќе му биде виновно раководството, бидејќи не ги добил посакуваните засилувањата, пишува „Гардијан“ во својот текст.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП