2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДел Потро го совлада Тим и избори пласман во четврт-финалето

Дел Потро го совлада Тим и избори пласман во четврт-финалето

Хуан Мартин дел Потро избори пласман во четврт-финалето на Отвореното првенство на САД во тенис, каде за противник ќе го има Роџер Федерер.

Аргентинецот во осмина-финалето по голема борба надомести негатива од два сета и славеше против шестиот носител Доминик Тим од Австрија со 3:2 (1:6, 2:6, 6:2, 7:6, 6:4).

Младиот Тим експресно, за 74 минути ги доби првите два сета, 1:6, 2:6, потоа Аргентинецот возврати во третиот сет со 6:2. Голема борба донесоа последните два сета, во четвртиот Тим имаше предност од 2:5, но Делпо успеа сетот да го добие во тај-брејкот. Во решавачкиот сет десеттиот гем беше клучен за конечен триумф на Аргентинецот.

„Мислев дека ќе мора да го предадам мечот во вториот сет, но видов дека сите сакаат уште тенис, дека ги чекаат моите форхенди, моите сервиси. Ја собрав целата своја енергија за да се натерам да мислам како да продолжам, а не да го предадам мечот. Успеав во тоа, во третиот сет се што правев беше добро. Публиката уживаше со мене во секој поен, навистина атмосферата беше неверојатна“, рекол Делпо.

Аргентинецот во четврт-финалето ќе игра против Роџер Федерер. Швајцарецот рутински го совлада германецот Филип Колшрајбер со 3:0 (6:4, 6:2, 7:5).

Федерер за еден час и 51 минута направи четири брејка, имаше 11 ас сервиси, односно забележа 39 директни поени и имаше 20 неизнудени грешки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП