6 мај, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 05.09.2017

Дневен хороскоп 05.09.2017

 

Овен (21.03 – 20.04)

Денот пред вас не е поволен за работа. Можни се бројни компликации и проблеми. И во љубовта на некој начин ќе бидете незадоволни бидејќи ќе мислите дека саканото лице ве запоставува.

 

Бик (21.04 – 21.05)

Имате впечаток дека нема да успеете да остварите некои ваши планови. Можеби само сте поставиле превисоки цели. Во љубовта тешко ќе ви биде да ги покажете емоциите отворено, а тоа вашиот партнер нема да може да го разбере.

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Потпрете се на старите соработници со кои некогаш сте имале добар однос. Можно е преку нив да стигнете до деловна прилика. На емотивното поле не се нагласени нови љубовни случувања.

 

Рак (22.06 – 22.07)

Искрено го покажувате вашето мислење, дури и кога е негативно, имате проблем да влезете во конфликт со било кого. Од некоја причина ќе бидете загрижени за односот кој го имате со саканото лице.

 

Лав (23.07 – 22.08)

Можно е да ви се отвори прилика да се занимавате со две различни работи, ќе имате поголем извор на приходи. Во љубовта на слободните ќе им се допадне некое ново лице, па ќе започнат да флертуваат со него.

 

Девица (23.08 – 22.09)

Ве очекуваат помали финансиски загуби или некои други проблеми на деловото поле. Поведете сметка да не ризикувате. Во љубовта несигурни сте во своите чувсства и потребно ви е малку повеќе време.

 

Вага (23.09 – 22.10)

Очекувате многу во моменталниот период, па можно е да не добиете баш се што сакате. Во љубовта вашиот партнер во овие моменти ќе ве оцени како незрела личност за некои позрели чекори.

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Имате доста деловни обврски, и се чини дека нема да успеете со се да излезете на крај. Имате недостаток на енергија. Во љубовта ќе гаите силни емоции кон една личност од блиското опкружување.

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Се надевавте дека ќе имате повеќе слободно време, но сепак ќе имате премногу рбаота. Потрудете се да им се посветите на обврските максимално. Во љубовта ве очекува интересен ден во кој ќе имате бројни прилики доколку сте слободни.

 

Јарец (22.12 – 20.01)

На деловното поле ќе немате некои поголеми промени, а ниу проблеми. Се ќе биде солидно. Доколку сте во брак, вашиот партнер остро ќе ви се спротивстави за некои нешта.

 

Водолија (21.01 – 19.02)

За сега најпаметна тактика е да бидете трпеливи и да не форсирате нови случувања на деловен план. Во љубовта ве очекува пријатен ден во кој ќе уживате заедно со лицето кое го сакате.

 

Риби (20.02 – 20.03)

Консултирајте се со лицето во кое имате доверба ако планирате да започнете свој бизнис. Ќе ви биде потребен добар совет од блиско лице. Во љубовта ќе бидете страствени и ќе уживате покрај партнерот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП