11 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЊујорк: Надал и Рубљов изборија четврт-финале

Њујорк: Надал и Рубљов изборија четврт-финале

Рафаел Надал и рускиот тинејџер Андреј Рубљев изборија меѓусебен дуел во четврт-финалето на Отовреното првенство на САД во тенис.

Првиот носител на последниот Гренд слем во сезоната, Надал, во осмина-финалето го декласира Украинецот Александар Долгополов.

Шпанецот на својот противник во трите сета му препушти седум гема. Надал славеше со 6:2, 6:4, 6:1.

За Надал ова првото четврт-финале во Њујорк по пауза од четири години.

Противник на Шпанецот за пласман во полу-финалето ќе му биде рускиот тинејџер Рубљов. Русинот за два часа и осум минути славеше во дуелот со 14.носител Давид Гофан од Белгија со 7:5, 7:6, 6:3.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП