3 јули, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОЕвробаскет: Србија ја совлада Турција (видео)

Евробаскет: Србија ја совлада Турција (видео)

Србија ја совлада Турција 80:74 во последниот натпревар од третото коло, во Д групата, на Европското првенство во кошарка.

Србите, пред 12.000 гледачи во „Фенербахче арена“, во трилер завршница славеа над домаќинот. Србија од почетокот на мечот имаше предност, во втората четвртина и од 14 поени (27:13), а до средината на последниот период разликата се движеше помеѓу шест и десет поени.

Турците на шест минути до крајот со серија тројки само за момент преминаа во водство (55:56), а серијата на домаќинот ја запре Богдановиќ со две тројки во интервал од 15 секунди.

До крајот пресуди искуството и смиреноста на Србите, кои ги одбија сите напади на Турција за евентуален пресврт.

Богдановиќ со 17 поени (12 во последната четвртина) и Јовиќ со 15 поени, девет асистенции и четири скока ја предводеа Србија до втората победа на Европското првенство, додека кај Турција, која го запиша вториот пораз најефикасни беа Махмутоглу со 19 (5 тројки) и Осман со 15 поени.

Утре Србија ќе игра против Велика Британија, а Турција против Белгија.

Претходно во оваа група Русија со победата над Белгија 76:67 го задржа максималниот ефект, а Летонија со 97:92 ја победи Велика Британија.

Во Ц групата актуелниот шампион Шпанија продолжи да ги демолира своите противници. Шпанците, во Клуж, ја совладаа Романија со 91:50.

Хуан Ернангомез беше најефикасен кај Шпанците со 18 поени. Утре Шпанија за противник ќе ја има Хрватска која исто така нема пораз по првите три кола.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар