3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКамерун Томас Н’Коно е причината поради која станав голман

Камерун Томас Н’Коно е причината поради која станав голман

Легендата на Јувентус и Италија, Џиџи Буфон, изјавил дека поранешниот голман на Камерун Томас Н’Коно е причината поради која застанал меѓу диреците.

„Кога бев дете постоеше голман кој за мене беше нешто што не може да се опише. Тоа е поранешниот голман на Камерун Томас Н’Коно. Го видов на Светското првенство во 1990 година и тогаш покрај за Италија искрено навивав за Камерун“, рекол Буфон во интервју за шпанскиот весник „Марка“.

„Прв натпревар на тоа СП беше дуелот помеѓу Аргентина и Камерун, дуел кој внимателно го следев. Камерун победи, а јас решив да стана голман“, појаснил Буфон.

Легендарниот голман, во саботата, на дуелот Шпанија-Италија (3:0), го забележа 170. настап за националниот тим и стана рекордер во европски рамки според бројот на одиграни натпревари за репрезентацијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП