22 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОХрватска го доби балканското дерби (видео)

Хрватска го доби балканското дерби (видео)

Кошаркарската репрезентација на Хрватска го доби балканското дерби на Европското првенство во кошарка, против селекцијата на Црна Гора. Хрватите во рамките на Ц групата, во Клуж, славеа 76:72 и го задржаа максималниот ефект и по три кола, додека Црногорците го запишаа вториот пораз.

Хрватска балканското дерби практично го реши во почетните четири минути кога стекна предност најпрвин од 15:0, а потоа 18:3.

Најефикасен кај Хрватите беше Богдановиќ со 23 поени (12 во првата четвртина), додека Црна Гора ја предводеа Рајс со 22 и Дубљевиќ со 17 поени и 11 скокови.

Претходно во оваа група Унгарија славеше над Чешка 85:73. Унгарците кои загубија во првите две кола, ја забележаа првата победа на континеталните првенства по пауза од 48 години.

Блескаше кај Унгарците новиот играч на Барселона, Адам Ханга со 31 поен и по осум скокови и асистенции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП