10 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЕвгениј Поп Ацев на светскиот трон во маратонско пливање

Евгениј Поп Ацев на светскиот трон во маратонско пливање

Евгениј Поп Ацев победи во годинешната Гран при серија на ФИНА во маратонското пливање. Македонскиот маратонец, кој ја освои Гран при серијата во 2015 година, оваа година првото место во вкупниот пласман го подели со Гилермо Бертола од Аргентина.

Последниот маратон од Гран при серијата на ФИНА се одржа во Неапол. Поради лошите временски услови патеката беше скусена, се пливаа 16 километри, а Поп Ацев заврши на четвртото место со една секунда послаб резултат од конкурентот Бертола, кој го освои третото место.

На крајот Поп Ацев и Бертола ја поделија титулата во Гран при серијата со по 43 бода.

Македонскиот маратонец оваа сезона пливаше на четирите трки во Гран при серијата на ФИНА, во Санта Фе го освои третото место, на езерото Сен Жан во Канада и во Охрид заврши на втората позиција, а на маратонот Капри Наполи го освои четвртото место.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП