18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНашиот најдобар македонски спортист Кирил Лазаров го стартуваше проектот „школа за ракомет“...

Нашиот најдобар македонски спортист Кирил Лазаров го стартуваше проектот „школа за ракомет“ низ целата држава

По успешно организирано трето издание на ракометниот камп „Кирил Лазаров 7“, капитенот на националниот тим и најдобар македонски спортист, Кирил Лазаров, со почетокот на школската година го стартуваше проектот „школа за ракомет“ низ целата држава.

Идејата за отварање на школата и претходно ја најави Лазаров и е насочена да му овозможи  на секое дете во Македонија, без разлика дали живее во урбана или рурална средина да има можност да тренира ракомет и да се занимава со спортски активности, а како крајна цел формирање врвни спортисти и личности.

„Сакам да ви соопштам дека со почетокот на школската година јас и мојот тим почнуваме со нов проект наречен „ракометна школа“ во повеќе градови низ нашата држава. Мојот ракометен камп оваа година го имаше третото издание и од година во година се надрадува и можам слободно да кажам дека успеавме да направиме препознатлив бранд во кој што јас како носител на идеата заедно со мојот тим сме посебно задоволни и горди од зацртаното и оствареното. Меѓутоа, работејќи и создавајќи го тој проект се појави потреба за нов прокет кој што сакаме да го реализираме, а тоа е да бидеме присутни и да работиме квалитетно со македонските деца во текот на 365 дена во годината. Секој почеток е тежок но предизвикот е голем. Се работи за иднината на нашите деца и нивно правилно насочување во животот од најмали нозе, а како крајна цел нивното изградување не само како спортисти туку и како личности. Неоспорен е нашиот талент за спорт како Македонци, ќе се обидеме да го искористиме максимално. Време, трпение и подршка ќе ми  биде потребна но ќе работиме стратегиски целно и уникатно. Не сакаме да бидеме никому конкуренција нити да се споредуваме, сакаме да соработуваме со сите со заедничка цел за напредок на спортот и ракометот во Македонија од најрана возраст. Сите информации ќе ги добивате на нашата официјална фејзбук страна Школа за ракомет „Кирил Лазаров 7“ (https://www.facebook.com/handballKL7/) и во директен контакт со нашите тренери во кои имам потполна довербa.

Се гледаме во сала!!!“ – Кирил Лазаров, носител на проектот Школа за ракомет „Кирил Лазаров 7“

Од агенцијата „КМГ Спорт“ во улога на организатор на школата информираат дека уписите се започнати, а право да се запишат имаат момчиња и девојчиња родени 2003/04 и помали, кои ќе бидат поделени по возраст и врз основа на досегашното искуство во тренирање ракомет.

Во моментот школата ќе функционира во повеќе градови и тоа во Скопје, Куманово, Свети Николе, Богданци, Стојаково, Валандово, Охрид и Струга, со тенденција да се отвараат школи и во останатите градови каде што има услови и интерес.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП