6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОУС Опен: Четврт-финале за Квитова, Венус, Квери, Шварцман

УС Опен: Четврт-финале за Квитова, Венус, Квери, Шварцман

Чешката тенисерка Петра Квитова се пласира во четврт-финалето на Отвореното тениско првенство САД. Квитова во осмина-финалето ја елиминира шампионката од Вимблдон, Гарбиње Мугуруза со 2:0.

Квитова го доби дуелот со 7:6, 6:3 и вторпат во кариерата се пласира меѓу најдобрите осум на гренд слемот во Њујорк.

Квитова во четврт-финалето за противничка ќе ја има деветтата носителка Венус Вилијамс, која ја елиминира Карлос Суарез Наваро со 2:1 (6:3, 3:6, 6:1).

Во машка конкуренција Сем Квери одигра брилијантен меч и за само 76 минути игра го мина осмина-финалето против Германецот Миша Зврев. Квери победи со 6:2, 6:2, 6:1.

Искусниот тенисер е првиот Американец уште од 2011 година кој изборил четврт-финале во Њујорк. За пласман во полуфиналето Квери ќе игра против Кевон Андерсон, против кого играше и забележа победа на годинешниот Вимблдон.

Четврт-финале во Њујорк ќе игра и Дијего Шварцман. Аргентинецот, висок 170 сантиметри, е најнискиот четвртфиналист на некој гренд слем во последните 23 години.

Шварцман во осмина-финалето го победи Лука Лиу од Франција со 3:1 (7:6, 7:5, 2:6, 6:2) и за пласман во полуфиналето ќе игра против Шпанецот Карење Буста Агут.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП