28 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОГо победивме Израел, на ред е Албанија

Го победивме Израел, на ред е Албанија

Македонија конечно игра добро во континуитет, и пред се победува. Врзавме две гостински победи во  овој квалификациски циклус, ја прекршивме лошата традиција на порази од Израел.

Да се гледа натпреваротсо Израел беше навистина големо задоволство, игравме со концепт, отворено, борбено, знаевме што сакаме на фудбалскиот терен од самиот почеток. Како ретко кога досега имавме голем број на шанси, мислевме на напад, а добро се затворавме во одбрана. Селекторот направи вистински избор на фудбалери, а пред се младите како Барди, Николов, Муслиу, Велковски и Елмас и те како ја оправдаа доверенета доверба. Пандев уште еднаш покажа дека е наш лидер. Имаме фудбалска иднина!

Да се победи Албанија во Струмица е реалност.

Македонските фудбалери покажаа победнички менталитет, силна мотивираност и желба за победа.

Македонија игра офанзивен фудбал, допадлив на око, со прецизни додавања, со многу трчање и борбеност, со јасна поделба на задачите, стабилно и мирно, што секако ни дава надеж пред сеза победа над Албанија, која незаслужено ги однесе трите бода од нашиот прв меч. Сакаме реванш!

Стадионот во Струмица во вторник во 20:45 треба да биде местото каде ќе дојдат сите вистински љубители на фудбалот, тоа да биде празник на македонскиот фудбал, да се поддржи Македонија, и да се оствари победа.

Вложувањата на Фудбалската Федерација на Македонија во развојот на младинските категории конечно почнаа да даваат резултати. Не само репрезентацијата до 21 години, туку и оние помладите последнава година остваруваат резултати кои заслужуваат почит, и кои ветуваат светла фудбалска иднина. Напорите и поддршката на ФФМ ќе продолжи и во иднина, конечно да се врати надежта и вербата во спортот кој Македонците посебно го сакаат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП