10 мај, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОЕвробаскет: Словенија подобра од Грција, Литванија ја совлада Италија

Евробаскет: Словенија подобра од Грција, Литванија ја совлада Италија

Литванија ја совлада Италија, Словенија го задржа максималниот ефект со победата над Грција, а Украина ја изненади Грузија на Европското првенство во кошарка.

Словенија го задржа максималниот ефект и ја предводи А групата, откако во дербито ја победи Грција со 78:72.

Израмнетиот натпревар го решија во финишот најдобрите играчи на Словенија Лука Дончиќ и Горан Драгиќ.

Дончиќ мечот го заврши со 22 поени, два повеќе од Драгиќ, а одличен беше и Клемен Препелиќ кој постигна 16 поени.

Кај Грците кои го запишаа вториот пораз на првенството најпрецизен беше Костас Слукас со 18 поени и 6 асистенции.

Дербито во Б групата и припадна на Литванија која ја совлада Италија 78:73. Европскиот вицепрвак успеа во првата четвртина да ја стигне предноста на Италија од 0:8 и 9:16 и практично од стартот на вториот период го презеде водството кое Азурите не го загрозија.

Изненадување за Италија бее играта на Адам Јускевичиус кој беше најфикасен кај Литванците со 20 поени. Италија ја предводеше Луиџи Датоме со 24 поени.

Во вториот меч во оваа група Украина стигна до првиот триумф на првенството. Украинците со искучително добра игра во првото полувреме ја совладаа Грузија 88:81. Грузијците по стартната победа над Литванија забележаа два порази.

Пустовиј со 19, односно Липовиј и Лукашов со по 17 поени беа најдобри во украинските редови, додека центрите Пачулија и Шермандини со по 17 кошеви беа најефикасните играчи на Грузија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП