Ракометарите на Охрид обезбедија пласман во втората квалификациска рунда за учество во фазата по групи во Купот на ЕХФ. Тие во двомечот кој се играше во Охрид го елиминираа Крас Волендам од Холандија.
Пласманот понатаму охридските ракометари го обезбедија со триумфот во вториот меч кој се одигра вечерва. Откако во петокот првиот меч заврши без победник 24:24, во вториот Охрид славеше 24:23.
За разлика од првиот меч, охриѓани констатно имаа водство и го контролираа текот на натпреварот. Дури во финишот холанѓаните се вратија резултатски во игра.
Во втората квалификациска рунда охридските ракометари ќе се сретнат со Порто. Двата мечеви ќе ги одиграат во Португалија.