Луксембург успеа да направи сензационален резултат во квалификациите за Светското првенство, откако во А групата одигра 0:0 против Франција во Тулуз.
Французите го диктираа темпото, создадоа неколку одлични шанси за постигнување на гол, но ветеранот Жубер не дозволи Луксембург да биде поразен во овој натпревар. Два пати приударите на Гризман, во првото и Погба, во второто полувреме, гредата беше сојузник на Жубер.
Најдобрата можност за Луксембург ја имаше Жерсон Родригез чии удар во 79.минута заврши во дирекот од голот на Франција.
Дуелот кој се одигра во Тулуз го судеше најдобриот македонски судија Александар Ставрев.
На две кола до крајот на квалификациите во А групата Франција е лидер со 17 бодови, еден повеќе од Шведска, следуваат Холандија со 13, Бугарија со 12, а на последните две места Луксембург и Белорусија имаат по пет бода.