10 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМарканен ја реши драмата во Хелсинки (видео)

Марканен ја реши драмата во Хелсинки (видео)

Финска и Полска го одиграа најдраматичниот натпревар во досегашниот тек од европското првенство во кошарка. Во А групата, која се игра во Хелсинки, Финците по две продолженија славеа 90:87.

Двете репрезентации во регуларниот дел одиграа добро по едно полувреме, Полска беше поблиску до победа бидејќи на 65 секунди до крајот имаше предност од девет поени. Херој на Финците е младиот Лаури Марканен кој во регуларниот дел улраде топка и во контра со забивање го однесе натпреварот во продолжение, а исто го направи во финишот на првото продолжение кога погоди тежок шут.

Марканен, кој во новата сезона ќе настапува за Чикаго Булс, натпреварот го заврши со 27 поени, 9 скока, 4 асистенции и една украдена топка. Искусниот Петри Копонен постигна 21 поен и имаше 7 асистенции.

Во редовите на Полска Вачински и Слотер беа најефикасни со по 18 поени.

По три кола Финска е втора во А групата со две победи и пораз, колку што има и Франција, а Полска и Грција имаат победа и два порази, Исланд е последен без победа. Лидер во оваа група со максимални три победи е Словенија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП