2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБелгија избори пласман на Светското првенство во Русија

Белгија избори пласман на Светското првенство во Русија

Белгија е првата европска репрезентација која низ квалификациите избори пласман на Светското првенство во Русија. Белгијците со триумфот во Атина над Грција (2:1), на две кола до крајот на квалификациите имаат недостижни осум бода повеќе од второпласираната БиХ во Х групата.

Натпреварот во Атина беше решен во интервал од пет минути, кога еба постигнати сите голови. Најпрвин Вертонген во 70.минута и донесе предност на Белгија, три минути подоцна израмни Зека, а конечните 1:2 ги постави Лукаку во 75.минута.

Белгија е шестата репрезентација која го обезбеди учеството на Мундијалот во Русија, покрај домаќинот, Бразил, Иран, Јапонија и Мексико.

На табелата во Х групата Белгија има 22 бода, БиХ 14, Грција 13, Кипар 10, Естонија 8, а Гибралтар е без освоен бод.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП