Возачот на Мерцедес Луис Хамилтон победи на трката за Големата награда на Италија во Монца и прв пат од почетокот на сезоната го презеде водството во генералниот пласман.
Британецот трката во Монца ја заврши со време 1:15:32.310 часа, ја забележа шестата победа во сезоната, која е 59. во неговата кариера.
Трикратниот светски првак во Монца оствари рутинска победа, откако стартуваше од пол позицијата и во текот на трката не им дозволи на ривалите да ја оспори неговата победа.
Второто место му припадна на неговиот клупски колега Валтери Ботас, а Себастијан Фетел заврши како трет.
Бодови во Монца освоија и Даниел Рикардо (Ред Бул), Кими Раиконен (Ферари), Естебан Окон (Форс Индија), Ленс Строл (Вилијамс), Фелипе Маса (Вилијамс), Серхио Перез (Форс Индија) и Макс Вестапен (Ред Бул).
Хамилтон во генералниот пласман има 238 бодови, три повеќе од Фетел, а трет е Ботас со 197 бодови.
Наредната трка ќе се вози на 17.септември во Сингапур.