18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНООдбојкарите на Русија нови европски прваци

Одбојкарите на Русија нови европски прваци

Одбојкарската репрезентација на Русија ја освои титулата на 30.Европско првенство. Русите во финалето ја совладаа Германија со 3:2, а со ист резултат во борбата за бронзениот медал Србија ја победи Белгија.

Русија во финалниот меч по 131 минута игра успеа да ја совлада Германија и да ја освои својата 14 титула европски првак. Русите славеа со 25:19, 20:25, 25:22, 17:25, 15:13.

Германија на континеталниот шампионат кој се одржа во Полска, со пласманот во финалето, го забележа својот најдобар резултат на европските првенства.

Во „малото финале“, Србија по 134 минути успеа да ја совлада Белгија со 3:2 (25:17, 22:25, 19:25, 25:22, 15:12).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП