12 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛемар е среќен што не заминал во Арсенал

Лемар е среќен што не заминал во Арсенал

Крилниот напаѓач на Монако, Тома Лемар, изјавил дека е среќен што не бил реализиран неговиот трансфер во Арсенал.

Монако, во финишот на преодниот рок ја прифати понудата на Арсенал за Лемар во износ од 92 милиони фунти (100 милиони евра), но немаше време трансферот да биде реализиран.

Лемар во тој моменти играше за Франција против Холандија (4-0) и успеа да постигне два гола, кои се први за него во дресот на националниот тим.

„Фудбалер сум на Монако и среќен сум што е така. Ќе имам успешна сезона во Монако и сакам да напредувам. За мојата иднина размислуваат луѓето во клубот и менаџерите, додека јас сум фокусиран на она што се случува на теренот“, рекол Лемар за францускиот „Канал плус“.

Британските медиуми пренесоа дека Лемар сакал трансфер во Ливерпул поради настапите во Лигата на шампионите. Тој дури и ги имал договорено личните услови за трансфер на „Енфилд“. Сепак трансферот пропадна бидејќи Ливерпул не успеа да се договори со Барселона околу Фелипе Кутињо.

Тома Лемар е еден од ретките играчи, кои беа клучни во освојувањето на шампионската титула минатата сезона, кој остана во Монако.

Во преодниот рок клубот го напуштија Бернандо Силва, Бенџамин Менди (двајцата заминаа во Манчестер Сити), Килијан Мбапе (ПСЖ) и Тиемуе Бакајоко (Челси).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП