6 јули, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОЕвробаскет: Србија подобра од Летонија, Шпанија ја декласира Црна Гора

Евробаскет: Србија подобра од Летонија, Шпанија ја декласира Црна Гора

Србија и Шпанија со победи ги отворија натпреварите на Европското првенство во кошарка.

Србија, во Истанбул, успеа да слави притив незгодната Летонија 92:82. Долго време Србите го кршеа отпорот на Летонците кои имаа 12 поени предност во првата четврита, а два на полувремето. Србија ја презеде контролата врз натпреварот благодарение на триото Богдановиќ-Мачван-Гудуриќ, кои потпомогнати од Марјановиќ на крајот и ја донесоа победата на својата репрезентација.

Блескаше Богдановиќ кај Србија со 30 поени, Мачван имаше 14 поени и 10 скокови, Марјановиќ постигна поен помалку, а Гудуриќ реализира девет кошеви со само едно промашување од поле.

Летонија ја предводеа Прозингис со 18, односно браќата Бертранс, Даирис постигна 23, а Давис 16 поени.

Актуелниот европски шампион Шпанија во првото коло ја прегази Црна Гора со 99:60. Шпанците мечот го решија во првата четвртина, која ја добија со 26:14. Во преостанатите три четвртини Шпанците само ја зголемуваа предноста.

Вили Ернангомез беше најефикасен кај Шпанија со 18 поени, додека Вучевиќ на спротивната страна постигна 16 поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар