
Македонската репрезентација вчера го одржи официјалниот тренинг на „Сами Офер“ стадионот во Хаифа спроти денешниот квалификациски дуел со Израел.


Македонската репрезентација вчера го одржи официјалниот тренинг на „Сами Офер“ стадионот во Хаифа спроти денешниот квалификациски дуел со Израел.
Прес конференција пред тренингот одржаа селекторт Игор Ангеловски и капитенот Горна Пандев. Двајцата истакнаа дека кај репрезентативците постои голема желба за реванш за поразот во Скопје минатата година.
– Во Скопје беше неизвесно, создадовме многу шанси, но победи гостинот. Се надевам дека ќе создаваме шанси, но и дека ќе реализираме. Верувам во овој избор на фудбалери. Изработивме добри подготовки и подготвени ќе влеземе во натпреварот со цел да оствариме позитивен резултат, изјави селектор Ангеловски.
– Не очекува тежок натпревар, Израел е добра, квалитетна репрезентација. Во Скопје не заслуживме пораз, промашивме пенал во последните секунди. Мораме да го исполниме тоа што го бара селекторот од нас и само така можеме до добар резултат. Гледам дека во нашата јавност се размислува дека можеме лесно да го победиме Израел. Јас мислам дека мора да бидеме обединети и ако одиграме како тим можеме да го изненадиме противникот. Мора да играме концентрирано цел натпревар, но тактички на сите натпревари играме добро и се надевам дека ќе одиграме комплетен натпревар, истакна Пандев.
Во пресрет на денешниот натпревар Македонија е претпоследна во Г групата со три бода, а Израел со Албанија е на делба на третата позиција со девет бодови.
Натпреварот во Xаифа ќе започне во 20:45 часот.