28 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПСЖ под истрага на УЕФА

ПСЖ под истрага на УЕФА

Европската фудбалска унија (УЕФА) објави дека покренала официјална истрага поради трансферите кое ПСЖ ги направи ова лето, под сомнение дека францускиот тим ги прекршил правилата на финансискиот ферплеј.

Во соопштението на владеачкото тело на европскиот фудбал се наведува дека Истражната комисија на финансиското контролно тело на УЕФА редовно ќе има состаноци во наредните месеци и дека ќе ги истражи сите документи во врска со овој случај.

УЕФА појасни дека истрагата ќе се фокусира на тоа дали ПСЖ ги балансирал приходите и расходите во дозволената граница. Ова посебно се однесува на трансферот на Нејмар за кој ПСЖ на Барселона и плати 222 милиони евра.

Исто така извесно е дека под истрага ќе бидат и условите под кои „Светците“ го позајмија Килијан Мбапе, со обврска наредното лето на Монако да му платат 180 милиони евра.

УЕФА нагласи дека додека трае истрагата повеќе нема да дава коментари поврзани со овој случај.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП