13 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЕвробаскет: Швед го замолкна Истанбул, Чешка пресилна за Романија (видео)

Евробаскет: Швед го замолкна Истанбул, Чешка пресилна за Романија (видео)

Русија и Чешка со победите над Турција, односно Романија, го затворија првото коло на 40.Европско првенство во кошарка. Овие две селекции славеа победи во дуелите со домаќините на континеталниот шампионат.

Русија, во рамките на Д групата, успеа да ја совлада Турција во Истанбул 76:73. Израмнетиот натпревар го реши Алексеј Швед со тројка на 25 секунди до крајот на натпреварот.

Швед со 22 поени беше најефикасниот ограч на Русија, а во чекор го следеше центарот Тимофеј Мозгов со 20 поени и девет скокови.

Кај Турција брилијантен меч одигра Џеди Осман (28 поени, 7 скокови, 7 украдени топки, 4 асистенции).

Второто коло во оваа група се игра в сабота Турција за противник ја има Велика Британија, Русија ќе игра против Србија, а Белгија за противник ја има Летонија.

Во Ц групата, во Клуж, Чешка лесно се справи со домаќинот на оваа група Романија. Чесите предводени од Томаш Саторански (20 поени, 13 скокови, 6 асистенции) и Војчех Хрубан (25 поени) славеа победа 83:68.

Романија ја оредводеше Влад Молдовеану со 24 поени и осум скокови.

Утре во Ц групата ќе играат: Унгарија-Црна Гора, Чешка-Шпанија и Романија-Хрватска.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП