18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОШварцман го елиминираше Чилиќ

Шварцман го елиминираше Чилиќ

Серијата на изненадувања на последниот тениски гренд слем во сезоната, Отвореното првенство на САД, ја продолжи Дијего Шварцман. Аргентинецот, во третото коло, го елиминира петтиот носител Марин Чилиќ.

Шварцман прва пат во кариерата ќе игра во четвртто коло на некој од гренд слем турнирите. Во третата рунда тој по три часа и 23 минути го победи шампионот во Њујорк од 2013 година Марин Чилиќ со 4:6, 7:5, 7:5, 6:4.

Шварцман во наредната рунда ќе игра против победникот од дуелот помеѓу Лука Пиу од Франција и Михаил Кукушкин од Русија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП