13 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЕвробаскет: Победи за Хрватска и Белгија (видео)

Евробаскет: Победи за Хрватска и Белгија (видео)

Хрватска во Ц и Белгија во Д групата ги забележаа првите победи на Европското првенство во кошарка.

Хрватите, во Клуж, потешко од очекувањата ја совладаа Унгарија 67:58. Хрватите се мачеа со незгодните Унгарци, кои имаа активен резултат и минимална предност се до почетокот на последната четвртина.

Во последниот период клучна улога одигра хрватската одбрана која на противникот му дозволи да постигне само пет поени.

Последната четвртина Хрватска ја доби со 15:5.

НБА ѕвездите Богдановиќ со 23 и Шариќ со 15 поени беа најефикасни во редовите на „коцкестите“, додека кај Унгарија најпрецизни беа Перл со 12 и Војвода со 11 поени.

Де Зеув со 21 поен ја предводеше Белгија, а ист број на поени на спортивната страна постигна Оласени.

Белгија, во Д групата која се игра во Истанбул, славеше во дуелот со велика Британија 103:90.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП