Најголемата компанија за прехранбени производи во светот „Nestle“ објави дека ја затвора својата фабрика за производи за здравје на кожата во Швајцарија поради забавување на бизнисот, кој претходно беше „ѕвезда“ на компанијата, пренесува „Ројтерс“.
„Nestle Skin Health“ соопшти дека ќе ја затвори својата фабрика во Егеркинген во Северна Швајцарија, каде што се произведува кремата за сончање „Daylong“ и производите за сува кожа. Како резултат на тоа, 190 лица ќе останат без работа.
Грижата за кожата беше дел од желбата на производителот на храна за повисок раст и попрофитабилни здравствени производи. Целта на компанијата беше да се справи со забавувањето во традиционалниот бизнис со пакувана храна.
Единицата беше формирана во 2014-та година, кога „Nestle“ спои 50 отсто удел, кој имаше во бизнисот за нега на тело „Galderma“ со останатите 50% кои ги купи од „L’Oreal“.
„Nestle“ не ги претставува резултатите за бизнисот за нега на кожата одделно, но во јули рече дека поделбата има пониска продажба и цени во вториот квартал од годината. Причините за ова се притисокот врз генеричките производи во бизнисот со лекови на рецепт, кои претставуваат проблем за раст, како и слабите резултати во Кина.
Според проценките на Патрик Шведман, аналитичар во „Zuercher Kantonalbank“, минатогодишната продажба на единици изнесува околу 2,3 милијарди франци (2,38 милијарди долари) од 2,2 милијарди франци од пред една година. Профитните маржи на здравствениот сектор и „Nestle Health Science“ во минатата година се околу 9,2%, во споредба со 12,5% во 2015-та година.
„Бизнисот се уште е во фаза на проширување, но резултатите се разочарувачки“, вели Шведман. „Тие се стремат кон повисоки маржи и посилен раст на продажбата, особено кога компаниите во здравствениот сектор треба да имаат маргини од најмалку 15-20% на среден рок“, додаде тој.