4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРеми на Уругвај и Аргентина, дебакл на Чиле (видео)

Реми на Уругвај и Аргентина, дебакл на Чиле (видео)

Изминатата ноќ се одигра 15.коло во рамките на јужноамериканските квалификации за пласман на Светското првенство во Русија. Во дербито на коло, во Монтевидео, Уругвај и Аргентина одиграа 0:0.

Пред почетокот на натпреварот на стадионот „Сентенарио“, соиграчите од Барселона Луис Суарез и Лео Меси ја поддржаа кандидатурата на Уругвај и Аргентина за органозација на СП во 2030 година.

Самиот меч не донесе мнгу возбудувања, а поблиску до победа беше Аргентина. Голамнот Муслера во финишот на првиот дел од одбрани ударот на Дибала, а во 58.минута не му дозволи на Меси да постигне гол од слободен удар.

Бразил кој веќе избори пласман на Мундијалот, на домашен терен славеше над Еквадор со 2:0. Стрелци на головите беа Паулињо и Кутињо.

Чиле доживеа вистински дебакл во дуелот со Парагвај. Брбените Парагвајци во Чиле славеа со 3:0. Видал си постигна авто-гол, а потоа Клаудио Браво го совладаа Касерес и Ортиз.

Непријатно изненади и Колумбија која пред своите навивачи одигра без голови со аутсајдерот Венецуела.

Табела: Бразил 36, Колумбија 25, Уругвај 24, Чиле 23, Аргентина 23, Перу 21, Парагвај, 21, Еквадор 20, Боливија 10, Венецуела 7.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП