16 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВо последен момент Челзи ги доведе Дринквотер и Запакоста

Во последен момент Челзи ги доведе Дринквотер и Запакоста

Дени Дринквотер во финишот на преодниот рок го напушти Лестер и потпиша договор со актуелниот шампион во Премиер лигата, Челзи.

Екипата од „Стенфорд Бриџ“ за услугите на Дринквотер плати 35 милиони фунти, со што 27-годишникот стана најскапиот фудбалер во историјата на Лестер.

Дринквотер од 2012 година за Лестер одигра 217 натпревари. Заедно со Н’Голо Канте беше движечката сила во средниот ред пред две сезони кога Лестер ја освои Премиер лигата.

Покрај Дринквотер, во финишот на преодниот рок, Челзи го договори и трансферот на десниот бек на Торино Давиде Запакоста, додека во последен момент од преселба во Лондон се откажа играчот на Евертон Рос Баркли.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП