Првиот и вториот носител на Отвореното првенство на САД во тенис, Рафаел Надал и Роџер Федерер, со многу проблеми го минаа второто коло. Надал играше четири, а Федерер пет сета против опонентите Таро Даниел, односно Михаел Јужни.
Првиот носител Надал, на теренот мина два часа и 55 минути и во четири сета славеше над Даниел со 4:6, 6:3, 6:2, 6:2.
Шпанецот во третото коло за противник ќе го има Леонардо Мајер кој го елиминира Јуичи Сугита со 6:7, 6:4, 6:3, 6:4.
Вториот фаворит на турнирот, Федерер, одигра максимални пет сета и со пресврт успеа да го победи Русинот Јужни.
Швајцарецот на теренот мина три часа и 11 минути и славеше со 3:2 (6:1, 6:7, 4:6, 6:4, 6:2). Федерер прва пат во кариерата на некој гренд слем, првите две кола ги мина по пет одиграни сетови.
Фелисијано Лопез ќе биде негов противник во третото коло. Лопез со 3:1 го доби шпанскиот дуел против Фернандо Вердаско.