20 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПропадна трансферот на Санчез во Сити

Пропадна трансферот на Санчез во Сити

Фудбалерот на Арсенал, Алексис Санчез, ќе остане во клубот и покрај тоа што Манчестер Сити понуди 60 милиони фунти за неговите услуги, објавија британските медиуми.

Чилеанскиот репрезентативец влезе во својата последна година од договорот со Арсенал и наредното лето ќе стане слободен играч, но тој нема да го напушти Лондон иако Сити за неговите услуги понуди 60 милиони фунти (55 милиони кеш и 5 милиони низ бонуси).

Трансферот на Алексис Санчез пропадна бидејќи Арсенал не успеа да се договори со Томас Лемар. Според шпекулациите Арсенал на Монако му понудил 100 милиони евра, но фудбалерот сакал трансфер во Ливерпул, а не во северен Лондон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП