15 мај, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОЕвробаскет: Сензација во Хелсинки, Финска ја победи Франција (видео)

Евробаскет: Сензација во Хелсинки, Финска ја победи Франција (видео)

Репрезентацијата на Финска го приреди првото големо изненадување на Европското првенство во кошарка. Финците кои се домаќини на А групата, пред своите навивачи ја совладаа Франција по дополнителните пет минути со 86:84. Натпреварот во регуларниот дел заврши со резултат 72:72.

Домаќинот на оваа група во текот на целиот натпревар имаше приклучок со фавризираните Французи. Кога „триколорите“ во последната четвртина предводени од Фурније и Де Коло се одлепија на осум поени делуваше дека победникот е решен, но Финците носени од публиката не се предадоа.

Најпрвин со тројката на Салин на 70 секунди до крајот израмнија на 70:70, а по поените на Фурније, Вилсон на 15 секунди до крајот избори продолженија за Финска.

Во дополнителните Финска беше подобра, имаа Финците 84:79, а мечот во егал го врати Фурнија со тројка на 26 секунди до крајот (84:84).

Сепак на пет секунди до крајот повотрно Вилсон постигна поени со кои Финска ја забележа првата победа во групата.

Марканен ја предводеше Финска со 22 поени, додека херојот Вилсон уфрли 12 кошеви. Кај Франција се истакнаа Фурније со 25 и Де Коло со 21 поен.

Во второто коло Финска ќе игра против Словенија, а Франција против Грција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП