22 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОЈапонија е четвртиот патник на Мундијалот во Русија

Јапонија е четвртиот патник на Мундијалот во Русија

Фудбалската репрезентација на Јапонија низ квалификациите избори пласман на Светското првенство во Русија. Јапонија е четвртата селекција која избори пласман на Мундијалот, по домаќинот, Бразил и Иран.

Јапонија во претпоследното коло, од третата квалификациска фаза, ја совлада Австралија со 2:0.

Стрелци за репрезентацијата која од клупата ја предводи Вахид Халилхоџиќ беа Такума Асано во 40. и Јосуке Идегучи во 82.минута.

За директен пласман на Мундијалот во последното коло, во Б групата, ќе се борат Австралија, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати.

Од А групата, пласман на СП веќе избори Иран, а за втората позиција се борат Јужна Кореја, Сирија и Узбекистан.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП