10 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЕвробаскет: Трилер во Тел Авив, Грузија ја победи Литванија

Евробаскет: Трилер во Тел Авив, Грузија ја победи Литванија

Репрезентацијата на Грузија го нарави првото изненадување на 40. Европско првенство во кошарка кое денес започна во Хелсинки и Тел Авив. Грузија во рамките на првото коло во Б групата, во Тел Авив, ја совлада Литванија 79:77.

Литванија подобро одигра во првото полувреме, во еден момент Грузија заостануваше 12 поени, но до крајот на првиот дел предводени од Шенгелија Грузијците ја намалија негативата на пет поени.

Во вториот дел Грузија го презеде водството, но не успеа да создаде предност поголема од пет поени. Иако Грузијците водеа во последните три минути Литванците влегоа со предност од четири поени и тука застанаа. До крајот, односно до последните 20 секунди Грузија направи серија од 8:0, во пенал завршницата по слободните на Кузминскас, а потоа и на Диксон, Грузија стекна два поени предност 79:77, а во последниот напад Мачиулис не успеа да погоди тројка за победа.

Шенгелија блескаше кај Грузија со 29 поени, Санадзе постигна 13, а Диксон забележа 12 поени и 8 асистенции. Кузминскас беше најефикасниот Литванец со 18 поени, Калниетис постигна 15, но имаше и 6 загубени топки.

Во сабота, Грузија ќе игра против Германија, а Литванија против домаќинот на оваа група Израел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП