2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРенато Санчез на позајмица во Свонси

Ренато Санчез на позајмица во Свонси

Младиот португалски фудбалер Ренато Санчез сезонава ќе игра во Премиер лигата, во екипата на Свонси. Санчез, минатата сезона стана член на минхенски Баерн, но во првата сезона не ги исполни очекувањата, поради што Баварците решија да го испратат на позајмица во Свонси.

Ренато Санчез на Европското првенство во 2016 година, кога Португалија ја освои титулата, беше еден од најдобрите играчи на својата репрезентација, а беше и прогласен за најдобар млад играч на првенството.

Игрите на Европското првенство му овозможија трансфер во Баерн вреден 35 милиони евра. Сепак Ренато Санчез одигра под очекувањата во првата сезона во Минхен, поради што Карло Анчелоти реши да го испрати на калење во Свонси.

Иако Санчез го бараа многу екипи (Челзи, Ливерпул, Манчестер Јунајтед, Јувентус, Милан, Монако), Анчелоти реши да го испрати во Свонси каде главен тренер е неговиот поранешен помошник од Челзи, Пол Клемент.

Споресткиот директор на Баерн, Карл-Хајнц Румениге најави дека по завршувањето на сезоната Ренато Санчез ќе се врати во Минхен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП